Овде има една партија и една политика , таа се вика Македонија. Македонската дијаспора во Северна Америка по истиот принцип бара единство од сите македонски политичари без разлика на нивната партиска и политичка припадност.Ова е пораката која Македонците од Канада му ја пренесоа на македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов, кој во Торонто ја прими наградата „Методија Андонов Ченто", во чест на првиот претседател на независна Македонија, јави Канал 5.На гала вечерата која ја организираше македонската заедница во Канада дијаспората побара единство за името, црквата и националните интереси.На настанот присутни беа голем број дипломатски претставници како и премиерката на најбогатата канадска покраина Онтарио, каде што живеат најголемиот дел од 130-те илјади Македонци колку што на пописот македонскиот го навеле како јазик кој што го говорат.Претседателот Иванов во Торонто ги разреши дилемите кои многумина ги имаа по последната рунда преговори на која што медијаторот Метју Нимиц објави дека дал нов предлог за името. Никој нема право да го менува името и идентитетот на нацијата, порача Иванов во катедралната црква „Свети Климент Охридски", најстарата изградена црква на МПЦ во овој дел од светот.Македонските верници во американско канадската епархија која ја раководи владиката Методиј наскоро ќе добијат уште 4 нови цркви што доволно говори за улогата на црквата во обединувањето на Македонците на овој континент.На американскиот континент, според неофицијални информации, живеат над 750 илјади кои што имаат македонско потекло, јави Канал 5.