Вторник, 22.Јул.2025, 4:59 PM
Најавени како Guest | Група "Guests" | RSS
Во Живо:
iPhone Winamp Windows Media Player Real Player QuickTime
Назад | МУЛТИМЕДИЈАЛЕ | Регистрација | Логирајсе
ПОЧЕТНА

Section categories
Македонија [1]
Вести
Свет [1]
Вести
Фолк Музика [0]
Фолк
Забавна [0]
Топ 40
Забава [0]
Општо
Хороскоп [1]
Дневен
МАКЕДОНИЈА [0]

АНКЕТА
Како ви се допаѓа сајтов
Вкупно одговори: 132

СТАТИСТИКА

Вкупно вклучени: 1
Гости: 1
Корисници: 0

НАЈАВЕТЕ СЕ

Main » Ad Board (3)

Македонија [1]
Вести
Свет [1]
Вести
Фолк Музика [0]
Фолк
Забавна [0]
Топ 40
Забава [0]
Општо
Хороскоп [1]
Дневен
МАКЕДОНИЈА [0]

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Срамна одлука на Управниот суд, одиме пак на победа

Ние бело знаме не дигаме. Одиме на уште една победа и се надевам дека граѓаните на општината Центар уште еднаш ќе им кажат кој сакаат да ги води. Ова е првата реакција на Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на Центар на опозициската коалиција „Сојуз за иднината", по одлуката на Управниот суд за прегласување на неколку избирачки места на вториот круг во оваа скопска општина.

Андреј Жерновски

„Победивме и во првиот и во вториот круг. Тоа е волјата на граѓаните на Центар, но власта сега преку судот се обидува да ја поништи волјата на граѓаните. Единствената цел на овој режим е да не се открие криминалот што е направен во општината Центар со проектот Скопје 2014. Денешната одлука на Управниот суд е срамна", изјави попладнево Жерновски. 


ШТО СОДРЖИ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ

Горна Република Македонија до членството во ЕУ, потоа референдум

Горна Република Македонија да биде името на Република Македонија во наредните 7-8 години сè додека траат преговорите за членство на земјава во ЕУ. Референдум за името да се организира заедно со референдум за членство во ЕУ.

Во Уставот на Република Македонија да се внесе амандман во кој ќе пишува дека „од денот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија меѓународното име на земјата ќе биде Горна Република Македонија и ќе се употребува erga omnes на сите јазици, освен на официјалните јазици на земјата”. Сите идентитетски прашања би се решавале во рамките на ЕУ-стандардите.Порталот Нова ТВ денеска ги објави овие и други детали за содржината на последниот предлог на преговарачот на ОН Метју Нимиц , за кој Македонија и Грција треба брзо да одговорат.

Ако двете страни дадат согласност за компромисното решение, Грција треба да добие гаранција дека името ќе биде внесено во Уставот. Во тој случај, двете страни се откажуваат од разговори околу тешките идентитетски прашања околу називот на нацијата и јазикот и тие би се регулирале во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја-членка во иднина ќе го развива својот идентитет. Тогаш во НАТО би влегле како Горна Република Македонија и со ова име ги почнуваме и преговорите за членство во ЕУ.Во ЕУ секоја земја-членка официјалниот јазик го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо што таа го користи, односно македонскиот јазик би бил македонски во кирилична верзија. Грција, пак, атрибутот македонски ќе го користи во неговата грчка верзија македонос. Сите други прашања околу ова би се решавале во текот на преговорите со ЕУ.На последната средба во Њујорк било договорено дека наредниот состанок би требало да се одржи во почетокот на мај. Тоа значи дека двете земји треба брзо да го срочат одговорот на овој план.Порталот Нова ТВ објавува дека овој предлог на медијаторот Метју Нимиц бил изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со САД и други држави, а претходно, во септември минатата година, за ова биле консултирани и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Грција во презема претседателството во ЕУ во јануари 2014 година. 



Македонија | Views: 219 | Date: 15.Апр.2013 | Comments (0)

Турците од Германија бегаат во Турција

Децата и внуците на турските гастарбајтери сѐ почесто по обуката или кариерата во Германија заминуваат во Турција, пренесува порталот Сибиз (Seebiz).


Тие таму, наводно, гледаат подобри услови за работење. А турската влада настојува да привлече добро образована работна сила,

Голем број од германските Турци ги привлекува татковината на нивните родители, баби и дедовци. Според податоците на германскиот завод за статистика, во 2011 година од Турција во Германија дошле нешто помалку од 31.000 луѓе, додека во истиот период 33.000 луѓе од Германија заминале за Турција. Тој тренд трае од 2006 година и не сопира.

Една од главните причини е стопанскиот напредок на Турција и со самото тоа поголемите шанси за вработување. Турскиот министер за индустрија Нихат Ергун при неодамнешната посета на Берлин ги пофалил условите за работење во Турција и ги повикал добро образованите експерти.

„Германија би требало во Турција да испрати стручна работна сила, а не обратно". Турскиот министер истакнал дека не се добредојдени само тие со турско потекло, туку и Германците.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган планира од својата земја да направи една од најголемите светски економии, а тоа би требало да биде остварено најдоцна до 2023 година.

Турција во 2011 имала стопански раст од 8,5 отсто. Особено брзо растат градежниот и енергетскиот сектор во Турција. Но поради лошата стопанска состојба во Европската Унија „2013 година ќе биде критична за Турција", вели Синан Улген, претседател на Центарот за економски и надворешнополитички студии во Истанбул.

„Токму во економски тешките времиња турската работна сила од Германија игра голема улога", истакнува Улген. „Турција се надева на знаењето на експертите со турско потекло, кои се обучувале во Германија. Поради својата подобра финансиска состојба тие имаат поголеми можности да отворат свои фирми во Турција, што ќе отвори и работни места".

Меѓутоа, стопанскиот бум во Турција има и свои негативни страни, предупредува турскиот економист Мустафа Сонмез.

„Странските инвестиции во градежништвото создаваат опасен меур од сапуница. Мислам дека Турција треба да го намали тој сектор и да ја зајакне индустријата која е многу запоставена", вели тој.

Ако шансите во Турција повторно се влошат или разликите во менталитетот се покажат непремостливи, германските Турци имаат уште една предност – секогаш можат да се вратат во Германија.

Свет | Views: 161 | Date: 14.Апр.2013 | Comments (0)

ОВЕН


Потребна ви е мудра одлука, подобро е да ги испоштувате истите приоритети наместо да ризикувате со работи кои не ги познавате баш најдобро.Бидете разумни кога станува збор за проценувањето на сопствените можности.Средбата со една личност ви делува заморно, па барате различни изговори.Сепак вашето однесување на остава баш најдобар впечаток. Во средба со друга личност инсистирајте на емоционално зближување и поверение. Препуштете и се на вашата емотивна инспирација и ќе доживеете нова радост.

БИК

Некој ве наведува на погрешен пат и сака да го ограничи вашето бизнис влијание. Немате потреба да влегувате во расправа со некој кои има пинакви мерки за вредности. Достојно прифатете ја вашата позиција. Покажете добра волја, не можете да очекувате среќен епилог да дојде сам по себе. Потребна ви е нечија подршка и разбирање.



БЛИЗНАЦИ

Не ви пречи популарноста туку начинот на кој некој ги преставува вашите идеи и досегашниот успех. Спорните ситуации со колегите од работа треба да ги решавате на разумен начин и да ја контролирате вашата желба за доминација. Слободно изразете ги вашите чуства пред вашите блиски. Не пропуштајте ја шансата да уживате во нечие друштво и романтична средба.

РАК
Добро сте организирани, Вашите работни обврски ги извршувате ефикасно и без кревање врева.Ви преостанува да ги испоштувате сите задачи, рокови или различните услови кои Ви ги поставуваат блиските соработници.Додека вие делувате сосема безгрижно, партнерот пробува да реши некои заеднички дилеми и индиректно го осудува Вашиот начин на однесување.Нема причина да се чувствувате лошо поради тоа.

ЛАВ
Се наоѓате во креативна фаза на создавање. Околностите се во Ваша корист, а брзата акција претставува одличен услов за финансиска добивка или подобар статус меѓу деловните партнери.Потребно е да ги промовирате Вашите идеи.Некој ќе ве израдува со емотивно внимание или пригоден поклон. Прифатете се што ве асоцира на емотивно зближување и на добро расположение во друштво на блиски луѓе.

ДЕВИЦА
На вас е да го оправдате вашиот работен углед. Подгответе добар план зошто со одредена доза на мудрост и умешност може да се постигне се. Задоволство кое го чуствувате во нечија близина е добар предзнак. Среќата е достапна кога со некој ве поврзуваат топли чуства и мисли кои ги разбира.

ВАГА
Некој во вас буди креативна радозналост и желба за нови работи. Прифатете ја секоја корисна идеја за соработка и покажете ја својата способност на дело. Емотивното задоволство доаѓа од средбата со саканата особа. Делувате заносно и успевате да привлечете нечие внимание што дотадно ја зголемува вашата самодоверба.





Хороскоп | Views: 313 | Date: 14.Апр.2013 | Comments (0)

ПРИЈАТЕЛИ
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits

  • ЕТИКЕТА

    Flag Counter
    БАРАЈ


    Copyright MyCorp © 2025

    Make a free website with uCoz